Славјето на вардаровите навивачи во салата „Вароши“ во Сегед по пласманот на Вардар на Ф4 завршницата во Келн се уште трае.
Најверните вардарови навивачи, „Комитите“ не ја напуштаат салата во Унгарија и натаму прославувајќи го пласманот на својот тим меѓу најдобрите четири екипи во ракометна Европа.
А, славјето не го пропушти и тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо кој се најде во рацете на вардаровите навивачи. Парондо за нив е сега херојот број еден кој го трасираше новиот европски пат до Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА