Maкедонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на Европскиот куп во јуниорска, кадетска и детска категорија што се одржа изминатиов викенд во Скопје. Македонските натпреварувачи освоија 30 златни, 27 сребрени и 29 бронзени медали.
Најуспешни натпреварувачи од Македонија на Европскиот куп, со освоени по 5 златни медали се Мила Саздова во јуниорска конкуренција, Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција, Иван Трпковски, Камелија Недев и Матеј Мангаровски во категоријата за деца.
Според вкупниот број на освоени медали следуваат репрезентациите на Романија, Кипар и на Чешка. На Европскиот куп учествуваа 178 натпреварувачи од девет земји. Европскиот куп го отвори спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а свое обраќање имаа и Венцислав Недев и Дејан Недев кој се обрати од позиција Генерален секретар на ЕТКФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА