Компани: Сите ми велеа да не шутирам… се налутив и дадов гол

Манчестер Сити забележа нова победа од 1-0 на патот до премиерлигашката титула, но херој вечерва неочекувано не беше некој од офанзивните играчи, туку дефанзивецот Винсент Компани. Противниците му оставија премногу отворен простор на белгискиот ветеран, кој со шут од триесетина метри го совлада Каспер Шмајхел.

„Да бидам искрен, бев исфрустриран. Имав неколку слични ситуации и претходно, но ги слушав соиграчите како ми довикуваат да додадам, да не шутирам. На крајот се налутив, шутнав и видовте што се случи – дадов гол што е многу значаен за нас“ – со насмевка коментираше Компани по најзначајниот погодок во кариерата.

Манчестер Сити се наоѓа на една победа до одбрана на титулата, за што „граѓаните“ ќе мораат во последното коло да слават на гостувањето против Брајтон.

Се вчитува...