Парондо: Ќе се надигруваме со Барса, немаме што да загубиме

Барселона ќе биде ривалот на Вардар во полуфиналето од Ф4 тунирот во Келн, доволна причина за да му се препушти фаворитската улога на противникот. Тренерот Роберто Парондо уште еднаш повтори дека неговиот тим нема што да загуби, но ќе стори се за да им донесе радост на македонските ракометни фанови во Келн.

„Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на Ф4 турнирот. И не само поради квалитеот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта и се пласиравме на Ф4 турнирот. Сега нема што да загубиме, одиме да играме и да се надеваме на добар резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап“ – изјави Парондо.

Првиот овосезонски натпревар меѓу овие два тима заврши со триумф на Барса во Скопје од 26-30, а каталонците потоа беа подобри и на домашен терен, триумфирајќи со убедливи 34-26.

Се вчитува...