Мохамед Салах поради повреда не можеше да заигра на теренот на вечерашниот реванш полуфинален меч од Лигата на шампионите против Барселона, но на неверојатен начин ги мотивираше соиграчите. Тој се појави со дуксер на кој пишуваше „Никогаш не се откажувај“, порачувајќи им на фудбалерите на Ливерпул дека ништо не е загубено и покрај поразот од 3-0 на „Камп Ноу“.
Без него и без Фирмино во составот, „црвените“ блеснаа и на фантастичен начин ја совладаа Барселона со 4-0. Херои беа Дивок Ориги и Џорџинио Вајналдум кои постигнаа по два гола и го елиминираа шпанскиот првак, трасирајќи го патот кон финалето на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни.
Салах и Фирмино речиси сигурно ќе бидат подготвени за финалната пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА