Бутел експресно нанижа две победи во ракометниот плејоф, по Пролет декласирајќи го и тимот на Пелистер со убедливи 32-24. Избраниците на тренерот Котевски целосно го надиграа противникот, кој се уште е во шок по последниот пораз од Металург и оставката на тренерот Димитровски. Ова речиси сигурно ќе биде и последен меч за Јошко Петковиќ на клупата на „пелистерци“, со оглед на претходната најава за анализа на сработеното од страна на српскиот стратег.
Бутел одигра одличен натпревар, рано поведувајќи со 5-2 и контролирајќи го резултатот до самиот крај. Пелистер во првото полувреме се приближи до 9-8, но немаше сили за целосен пресврт. Домаќините го завршија полувремето со предност од 15-11, по што уште пофуриозно влегоа во преостанатите 30 минути и на крајот заслужено славеа со конечни осум гола разлика.
Мирко Мајиќ беше главен играч со 10 погодоци, Давидовиќ со седум и Мојсоски со шест гола исто така им создадоа многу проблеми на гостите, додека во таборот на Пелистер најефикасни беа Лековиќ и Поповиќ со по шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА