Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, се надева дека ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Кејн заработи сериозна повреда на левиот скочен зглоб во првиот натпревар од четвртфиналето против Манчестер Сити.
„Се надевам дека ќе бидам подготвен за финалето. Опоравувањето засега оди како што треба. Ќе видиме, има уште неколку седмици“, изјави Кејн.
Без него избраниците на Покетино на фантастичен начин изборија пласман во финалето и покрај поразот на домашен терен од 0-1 и негативата од два гола на полувреме во вториот меч. Финалето кое ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид е закажано за 1 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА