Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Германецот Тимо Вернер заминува од Лајпциг и потпишува со Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Многу европски гиганти се бореа за потписот на 23-годишниот напаѓач, а негова желба на крајот беше да потпише за баварскиот гигант.
Актуелниот договор на Вернер со Лајпциг, е до следното лето, но тој одлучи да ги одбие сите понуди за негово продолжување и да замине во Минхен, а цената која што ќе треба да ја платат „баварците“ за него изнесува 60 милиони евра.
„Немавме избор. Сакавме да го продолжиме договорот, но не успеавме и ќе биде наша грешка ако чекаме договорот да заврши, а ние да не го продадем во друг клуб, бидејќи сакаме да добиеме што повеќе пари за него“, изјави Оливер Минцлаф, генералниот директор на Лајпциг.
Покрај Баерн Минхен, за услугите на Вернер беше заинтересиран и Ливерпул, но по одличните партии на Дивок Ориги на мечевите против Њукасл и Барселона, од раководството на Ливерпул се откажаа од трката за германскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА