Пролет немаше сила да го изненади Вардар: Му даде 33 гола, но загуби (ФОТО)

Ракометарите на Вардар продолжуваат со максималниот ефект во ракометната Суперлига, откако во 7. коло од шампионатот славеа на гостински терен против Пролет 62 со 33-36 (16-18).

Пролет повеќе од одлично се држеше против големиот фаворит кој очекувано не играше под „полн погон“, но на крајот не успеа да изненади против Вардар кој од клупата беше предводен од Билјана Црвенковска, бидејќи првиот тренер Шпанецот Парондо во текот на вчерашниот ден беше на промоција на селекторската функција на Египет.

По израмнетото прво полувреме, на почетокот од вториот дел Пролет одржуваше ритам со предност. Имаа домашните и водство од 25-24, но потоа малку поагресивна игра на „црвено-црните“ и рутинска победа на крајот.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Стојанче Стоилов со 8 погодоци, а Кисељев заврши со седум гола. Во редовите на Пролет најдобар беше Мартин Манасков со 8 погодоци.

Се вчитува...