Емил Рајковиќ избран за најдобар тренер во ВТБ лигата

Емил Рајковиќ испишува историја со казахстанската Астана, а наградата за одличната сезона е крунисана со признанието за најдобар тренер во сезоната во ВТБ лигата. Под негово водство тимот од главниот град на Казахстан, има одлична сезона во моќното регионалното натпреварување, стигнувајќи до 15 победи во регуларниот дел oд сезоната, што им го донесе шестото место на табелата.

По прв пат во историјата на лигата, клубот има позитивна кош-разлика, а нашиот тренер им го зема „скалпот“ на најсилните тимови во лигата како што се Уникс, Локомотив Кубан и Зенит. Покрај одличниот настап во ВТБ лигата, Рајковиќ со Астана сезонава го освои трофејот во националниот куп, а исто така е и најголем фаворит за освојување на титулата во домашниот шампионат.

Наградата за најдобар тренер во ВТБ се доделува шестта сезона по ред, а Рајковиќ се најде во друштво на најголемите тренерски имиња како што се Димитри Итудис, Васили Карашев и Римас Куртинаитис.

 

Се вчитува...