Тоа не го можат ниту НХЛ ѕвездите – Путин со осум гола на хокеј натпревар

Рускиот претседател Владимир Путин, уште еднаш покажа дека е одличен спортист, постигнувајќи осум голови во егзибициски натпревар во хокеј на лед кој се играше во Сочи.

Путин играше заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и со легендарните руски хокеари Павел Буре и Игор Ларионов, а во победата од 14-7, претседателот на Русија запиша осум гола.

Познато е дека Путин има црн појас во Џудо, а и скоро секој ден рекреативно игра хокеј со руските бизнисмени, поранешните НХЛ ѕвезди и членовите на кабинетот.

Се вчитува...