Ракометарките на Куманово испишаа клупска историја закитувајќи се со пехарот во Купот на Македонија откако во денешното драматично финале славеа над ЖРК Вардар со 24-22.
Мечот донесе многу возбудувања, иако кумановки уште во раната фаза од финалето бодрени од гласната публика поведоа со 7-2. Гостинките од Скопје не се предадоа, на одмор се замина со предност на Куманово од 11-9, по што во вториот дел се играше максимално израмнето. Вардар одигра максимално до самиот финиш, при 23-22 „црвено-црните“ имаа напад за израмнување на 13 секунди до крајот, но не одиграа најдобро, ја загубија топката, по што беше досуден црвен картон на Седлоска и пенал што Трајковиќ го претвори во конечни 24-22.
Ана Шарановиќ со седум гола беше најефикасна во победничкиот тим, шест постигна Мила Трајковиќ, додека во таборот на Вардар најдобра поединка беше Ивона Трпевска со шест постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА