Јуве остана без уште еден важен играч за дербито со Рома

Јувентус ќе биде дополнително ослабен на утрешниот дерби натпревар против Рома откако Леонардо Бонучи воопшто не отпатува со тимот на гостувањето во „вечниот град“. Италијанскиот репрезентативец има поведа на скочниот зглоб, во последните два дена не тренираше со полна пареа, по што лекарскиот тим даде препорака да не се ризикува со негов настап на „Олимпико“.

Бонучи се приклучи на долгата листа на отсустни фудбалери на Јуве за утрешниот меч, покрај него повредени се уште и Ругано, Коста, Перин, Кедира, Манџукиќ и Кеан, додека Бернардески ќе го пропушти натпреварот во Рим поради суспензија.

Добра вест за тренерот Алегри е што Пауло Дибала ги надмина проблемите со својата повреда и ќе биде стартер на овој дуел, а својот камбек на терените ќе го имaаt и Емре Џан и Бентакур.

Се вчитува...