Оливер Димитриоски дојде во Металург во незгоден момент, по поразот од Работник во „Автокоманда“ на почетокот од плејофот. Сепак, овој стратег успеа да го стори незамисливото – да го земе скалпот на големиот Вардар и на Металург да му донесе куп-трофеј во сезоната преполна со турбуленции.
Скромен како и вообичаено, Димитриоски по финалето како најзаслужни за големата победа ги посочи своите ракометари.
“Остваривме голема победа против комплетниот и силен Вардар. Не верувам дека Вардар го потцени Металург, можеби влезе со мала доза на резерва, бидејќи наскоро го чека фајналфорот во Лигата на шампионите. Ние имавме контрола врз натпреварот, не попуштивме во ниту еден момент и имавме огромна желбата за победа. Ни се даде шанса, ја искористивме и го зграпчивме пехарот. Овој успех е на моите ракометари, кои одиграа максимално тимски и посветено и кои “изгинаа на теренот“, рече Димитриоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА