Ненад Димитријевиќ и Хувентуд славеа над Манреса со 86-70, правејќи голем чекор напред кон место во плејофот од шпанскиот шампионат. Стануваше збор за директна пресметка за осмата позиција на табелата, во која Хувентуд го надигра противникот добивајќи ги сите четири четвртини и на крајот заслужено стигнувајќи до победата.
Вентура со 17 и Тодоровиќ со 15 поени беа најефикасни во таборот на Хувентуд, додека Димитријевиќ одигра 11 минути од овој меч, реализирајќи еден поен, три асистенции, два скока и две украдени топки.
Во следното коло Хувентуд гостува на фаворитот Басконија, кого Димитријевиќ и соиграчите веќе го изненадија сезонава, елиминирајќи го од Купот на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА