Енис Барди е спасителот на Леванте во борбата за опстанок во елитното друштво откако македонскиот репрезентативец го постигна голот за победа на гостувањето против Џирона од 1-2.
Леванте се најде во негатива, успеа да израмни со голот на Моралес, за во 86. минута да блесне Барди, кој со силен удар со левата нога ја смести топката во мрежата – погодок што значи и дефинитивен опстанок на неговиот тим во „Ла Лига“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА