Хамилтон испрати болид во домот на смртно болно детенце (ФОТО)

Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон и неговиот тим, Мерцедес испратија болид во домот на терминално болно детенце коe е голем фан на британскиот возач.

Малиот Хари Шо боледува од редок вид на карцином и во април годинава на неговиот родители им кажале дека има уште многу малку живот.

Во пресрет на трката во Шпанија, Хари испрати видео порака до Хамилтон посакувајќи му среќа. Ѕвездата на Мерцедес триумфираше на Каталуња, а успехот го посвети на малото момче.

Потоа Хамилтон и Мерцедес организираа болидот да допатува пред домот на Хари. Се очекува тој да го добие е пехарот на Хамилтон од победата во Шпанија.

Пораката Хари ја испрати од болница, а во меѓувреме е пуштен дома за да ги мине со семејството последните денови во животот.

 

Се вчитува...