Гвардиола повторно купува бек

Пеп Гвардиола повторно ќе донесе бек во редовите на Манчестер Сити. Во прашање е Португалецот Жоао Кансело кој настапува за Јувентус, а може да стане најскапо платениот бек во историјата на фудбалот.

Претходните сезони Гвардиола, одбраната на „граѓаните“ ја засили со Лапорт, Вокер, Менди и Данило, за што потроши преку 200 милиони евра. Италијанските медиуми откриваат дека Манчестер Сити е подготвен да понуди 60 милиони евра за Португалецот, што ќе го направи најскапо платен бек во историјата.

Кансело летово го откупи договорот на Кансело од Валенсија за 40 милиони евра, но како што одминуваше сезоната неговиот однос со Алегри се влошуваше. Гвардиола е решен да го продаде Бразилецот Данило, кој е блиску до премин во Интер, а токму Кансело би требало да биде негова замена и заедно со Вокер да ја дели минутажата на десната бековска позиција.

Се вчитува...