Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на ѕвездата на Манчестер Сити, Лирој Сане, откако Пеп Гвардиола го одобрил заминувањето на германскиот фудбалер. 23-годишниот крилен напаѓач сезонава за англискиот шампион забележа 46 настапи, на кои постигна 16 гола и 18 асистенции.
Сепак, во финишот на сезоната најчесто добиваше шанса од клупата, поради што и самиот одлучил да замине од клубот и да побара средина во која ќе биде стандарден првотимец. Баерн Минхен сака да ја искористи шансата што се нуди, а од „Етихад“ е дадено зелено светло за преговори меѓу агентот на Сане и баварскиот клуб.
Лирој Сане има договор со Сити до 2021 година, а во Манчестер стигна во 2016 година од Шалке за сума од 50 милиони евра.
Bayern ‘open talks over deal for Leroy Sane’ https://t.co/1CbQy1NGlS pic.twitter.com/je14Jbz0U7
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 15, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА