Фудбалската федерација на Македонија ќе ги организира финалните натпревари од Купот на Македонија за млади категории на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првично, финалните натпревари од Купот на Македонија во пет конкуренции за млади категории беа закажани на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, но по барање на младинската комисија во рамки на ФФМ, Комитетот за итност донесе одлука сите финални дуели од Купот на Македонија во млади категории да се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Термините за одигрување на натпреварите остануваат исти.
Помлади петлиња (2005): ФК ВАРДАР – ФК КУЛ ЗДРАВЈЕ, 20. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Петлиња (2004): ФК ШКЕНДИЈА – ФК ВАРДАР, 20. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Кадети: ФК РАБОТНИЧКИ – ФК ШКЕНДИЈА, 21. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Младинци: ФК ШКЕНДИЈА – ФК ВАРДАР, 21. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Пионери: ФК ПОБЕДА – ФК ЊУ СТАРС, 22. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Помлади пионери: ФК.АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ФК ВАРДАР, 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Жени: 23. мај, 17:00, стадион„Никола Мантов“, Кочани;
Футсал: 01. јуни, 18:00, спортска сала „Јасмин“, Кавадарци;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА