Роберт Левандовски и раководството на Баерн Минхен наидоа на пречки при преговорите за нов договор. Полскиот напаѓач има договор до 2021, а „баварците“ му понудија нов кој е година дена подолг од актуелниот.
Меѓутоа, 30-годишниот фудбалер сака подолг договор и нема намера да ја продолжува соработката за само една дополнителна сезона. Германските медиуми наведуваат дека ситуацијата сакаат да ја искористат Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед кои се подготвени да ги исполнат желбите на фудбалерот и да го доведат во своите редови нудејќи му договор до 2023 година.
Ќе биде интересно да се види епилогот од целата ситуација бидејќи, Баерн Минхен нема лесно да се откаже од услугите на Левандовски. Сезонава полскиот репрезентативец настапи на 45 меча на кои постигна 38 гола и забележа 13 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА