Тер Штеген неизвесен за финалето на Купот на Шпанија

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген е неизвесен за финалето на Купот на шпанија. Осум дена пред финалниот меч Тер Штеген се жали на болки во коленото и не тренира со останатиот дел од тимот. Тренерот Ернесто Валверде го одмори на претходните два меча против Селта и против Хетафе, на голот беше Јеспер Силесен, но се надева дека ќе може да смета на него за куп-финалето против Валенсија на 25 мај.

Тер Штеген сигурно нема да биде на голот и на неделниот натпревар против Еибар во последното коло од Ла Лига, а лекарскиот тим се обидува да го оспособи за настап во финалето на Кралскиот куп.

 

Се вчитува...