Лофтус Чик надвор од терените една година?

Англискиот репрезентативец и член на Челси, Рубен Лофтус – Чик би можел да паузира една година по повредата која ја заработи за време на хуманитарниот пријателски натпревар во САД пртоив Њу Ингланд кој „сините“ го добија со 3-0, пренесуваат медиумите во Британија.

Лофтус-Чик се повреди во второто полувреме, беше изнесен од медицинскиот тим со очигледна повредана глуждот. По натпреварот од соблекувалната кон автобусот се движеше со помагала, бидејќи не можеше да нагази со целата тежина на повредената нога.

Дополнителните прегледи ќе треба да ја покажат тежината на повредата. Тој сигурно нема да настапи за Челси во финалето од Лигата на Европа и за репрезентацијата на Англија на финалниот турнир во Лигата на нации, но доколку се случи најлошата можна опција за фудбалерот тој би можел да биде надвор од терените цела година.

Се вчитува...