Анадолу Ефес го доби турското дерби против Фенербахче со 92-73 и за првпат се пласираше во финалето на фајнал-фор турнирот во Евролигата кој се игра во Виторија, Шпанија. Најзаслужен за победата на Анадолу Ефес беше Шејн Ларкин кој уфрли 30 поени, а еден од неговите кошеви беше вистинска „бравура“ која што потсети на НБА ѕвездата Дерик Роус, во сезоната во која што беше избран за најмлад МВП во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА