Германскиот гигант Баерн Минхен на пригоден начин се збогува со тројца фудбалери кои денеска за последен пат ќе го носат дресот на клубот. Франк Рибери, Арјен Робен и Рафиња долг период играа на „Алијанц арена“, а денешниот меч против Ајнтрахт Франкфурт е за нив последен во редовите на баварскиот клуб.
Водечките луѓе на Баерн Минхен, Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге со пригодни подароци им се заблагодарија се што направија за клубот. Врамените слики засекогаш ќе сведочат за убавите моменти и освоените трофеи во дресот на овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА