Францускиот стратег Зинедин Зидан покажа категоричен став дека нема да му дозволи на претседателот Флорентино Перез тој да се меша во селектирањето на тимот за следната сезона. Тој вели дека ќе си замине доколку Реал Мадрид не оформи тим според неговите очекувања и замисли.
„Јас сум тренер на Реал Мадрид и моја задача е да го оформам тимот за следната сезона. Доколку тоа не биде така, тогаш ќе си заминам. Реал Мадрид е голем клуб и многу луѓе работат на трансферите, но секогаш тренерот го има конечниот збор кои фудбалери се потребни, а кои не, во тимот. Во текот на трансферниот период ќе одлучам кои фудбалери ќе дојдат, а кои ќе заминат, а потоа и кој ќе игра во стартниот тим, почнувајќи од голманот, па се до напаѓачите“, изјави Зинедин Зидан.
Французинот си замина по завршувањето на минатата сезона, откако ја освои Лигата на шампионите третпат последовно, а по неговото заминување Реал Мадрид смени тројца тренери и повторно го врати Зидан на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА