Баерн ја одбрани титулата, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен одат во ЛШ

Баерн Минхен ја одбрани шампионската круна во Бундес-лигата, откако во последното коло го совлада Ајнтрахт Франфкурт со 4-1 на „Алијанц арена“. Тимот на Нико Ковач мина прв низ целта со два бода предност во однос на Борусија Дортмунд која исто така славеше (0-2) на гости кај Борусија Менхенгладбах.

Во Лигата на шампионите ќе играат и третопласираниот Лајпциг и Баер Леверкузен, кој со триумф против Херта (1-5) го освои четвртото место. Штутгарт ќе игра за бараж за опстанок, а Хановер и Нирнберг се селат во второлигашка конкуренција.

Коман го доведе Баерн во водство уште во четвртата минута, а израмни Халер на почетокот на вториот дел. Сепак, Алаба во 53.минута повторно донесе предност за баварскиот тим, а до крајот стрелаа и Ренато Санчез и Франк Рибери.

„Милионерите“ извисија во битката за титулата, но славеа со 0-2 во дуелот со Борусија Менхенгладбах. Џејдон Санчо и Марко Ројс беа стрелци на головите за тимот од Дортмунд. Најубедливиот триумф го оствари Волфсбург кој со 8-1 го декласира Аугсбург.

Резултати Германија: Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт 4-1, Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд 0-2, Фортуна Диселдорд – Хановер 2-1, Фрајбург – Нирнберг 5-1, Херта – Баер Леверкузен 1-5, Мајнц – Хофенхајм 4-2, Шалке – Штутгарт 0-0, Вердер – Лајпциг 2-1, Волфсбург – Аугсбург 8-1.

 

Се вчитува...