Еурофарм Работник и во втoриот дуел од плејофот во ракометната Супер-лига го победи Пелистер. Во битолското дерби Работник овој пат славеше со 31-25. Составот на Стевче Алушоски беше константно во предност, на полувремето водеше со осум гола разлика. Во вториот дел сликата беше идентична, па Еурофарм реализираше победа по која в понеделник оди на битка со шампионот Вардар.
Филип Кузмановски со осум гола беше лидер во триумфот на Еурофарм. Стефан Дрогришки со пет гола ја предводеше листата најефикасни кај Пелистер.
Еурофарм Работник ја држи втoрата позиција на табелата зад неприкосновениот Вардар што во следната сезона му овозможува учество во СЕХА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА