Екипата на Мелилја е на чекор до фајналфор турнирот во битка за последното место кое води во „Ендеса лигата“, а меѓу најзаслужните за тоа е Стојан Ѓуроски. Македонскиот репрезентативец пристигна од редовите на Хуеска како засилување во пресрет на овој плејоф, а Ѓуроски без премногу време за адаптација тој веднаш се наметна како еден од лидерите во серијата против Валјадолид.
Мелилја синоќа славеше на гостувањето во Валјадолид со резултат 72-76, поведувајќи со 2-1 во плејоф серијата и враќајќи си ја предноста на домашен терен во случај на мајсторка. Меѓу најзаслужните за овој успех беше токму Ѓуроски, кој го заврши натпреварот со 11 поени, меѓу нив и двете тројки во серија во третата четвртина со кои Мелилја стигна до двоцифрена предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА