Кавани ја смени ЛГБТ – капитенската лента среде меч

Пари Сен Жермен го совлада Дижон со убедливи 4-0 во претпоследното коло од францускиот шампионат, а со оглед дека „светците“ одамна ја обезбедија круната, вниманието го привлече потегот на уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани. Тој среде меч ја смени капитенската лента која беше во посебни бои и содржеше порака за поддршка на ЛГБТ заедницата.

Сепак, на Кавани очигледно дека тоа не му се допадна премногу, па во текот на натпреварот ја замени лентата и стави друга на левата рака. Кавани не е прв фудбалер кој одбил да даде поддршка за ЛГБТ заедницата. Тоа во август го стори и хрватскиот фудбалер Јосип Брекало на мечот меѓу Волфсбург и Шалке во Бундес-лигата.

Се вчитува...