Војдан Стојановски и Олденбург тргнаа триумфално во плејофот од германскиот шампионат, како продолжение од одличните настапи во регуларната сезона во која го освоија второто место, зад Баерн Минхен. Олденбург денеска во првиот меч од четвртфиналната серија го пречека тимот на Бон, триумфирајќи со 105-94.
Победата воопшто не беше лесна за Стојановски и соиграчите, кои дури во последната четвртина го скршија отпорот нa гостите од Бон, добивајќи го овој период со убедливи 28-14.
Македонскиот капитен одигра добар натпревар реализирајќи 11 поени со само едно промашување (1/1 за тројка, 2/3 за два поени, 4/4 од линијата за слободни фрлања).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА