Пред домашните навивачи, предводени од сопственикот Лазим Дестани, ФК Шкендија денеска на едно коло до крајот на сезоната и официјално крунисана како нов шампион на Македонија.
Тетовци успеаја на доминантен начин да го одбранат минатогодишниот трофеј и повторно да бидат македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето. Шампионскиот пехар на Шкендија им го врачи членот на УО на ФФМ, Марјан Стојкоски…
За фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија предводен од Ќатип Османи ова е потврда за извонредната сезона која ја оставаат зад себе. Токму затоа и неизбежно радоста беше поделена со најверните свои навивачи, „Балистите“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА