Борусија Дортмунд договори уште еден летен трансфер

Борусија Дортмунд за влакно ја загуби трката за титулата во Бундес-лигата, но „милионерите“ се решени да составан моќен тим со кој во следната сезона би го симнале Баерн од тронот во германскиот шампионат.

Во текот на сезоната беше откупен договорот на Пако Алкасер од Барселона, договорено беше и доаѓањето на Нико Шулц од Хофенхајм, како и трансферот на Торган Азар од Борусија Менхенгладбах, а клубот од Дортмунд е пред потпис на уште едно звучно бундеслигашко име.

Станува збор за Јулијан Брант од редовите на Баер Леверкузен, кој според пишувањето на весникот „Билд“ се наоѓа пред потпис со „милионерите“. Крилниот офанзивец има клаузула од 25 милиони евра што неколку клубови се подготвени да ја активираат,  но Брант ја избрал Борусија Дортмунд за своја следна дестинација.

Баер Леверкузен веќе доведе и адекватна замена за Брант, потпишувајќи го Керим Демирбај од Хофенхајм.

Се вчитува...