Арсенал без Мхитарјан во финалето на Европа лигата

Хенрик Мхитарјан нема да патува со Арсенал во Баку за финалето на УЕФА Европа лигата против Челси објави клубот. Ерменцот стравува за својата безбедност и поради тоа Арсенал решил да не го поведе во Азербејџан во битката за трофејот со премиерлигашкиот ривал.

Проблемите на Мхитарјан потекуваат од наруштенте однос меѓу неговата родна земја и Азербејџан. Двете држави немаат диполматски односи и тој практично има проблеми околу обезбедувањето виза. Ерменскиот фудбалер и претходно пропушташе натпревари во европските купови кога требаше да патува во Азербејџан. Во конкретниотв случај, УЕФА интервенираше и тој ќе добиеше дозвола за престој.

„Ги зедовме в предвид сите опции и моравме да донесеме тешка одлука да не патувам со тимот на финалето. Ова е напревар кој се случува многу ретко во животот и многу ми е тешко што ќе го пропуштам“ – вели Мхитарјан.

Арсенал во официјалнот осоопштене вели дека клубот е загрижен за безбедноста на играчот, дека и соопштил на УЕФА за големата загриженост за ситуацијата. Лондонскиот состав објаснува дека во консултација со Мхитарјан и со неговото семејство бил донесена ваквата одлука.

 

Се вчитува...