Најинтересните факти за финалето од Купот на Македонија: Од 1993 година па до денес….

Финалето од Купот на Македонија се враќа во Скопје. По двата последни финални дуели кои се одиграа во Струмица, утре по 20-ти пат на националната арена „Тодор Проевски“ повторно финалето од Купот на Македонија на нашиот најголем стадион.

Во очекување на финалната средба од најмасовното домашно клупско натпреварување, издвојувајќи ги најинтересните факти поврзани со финалниот натпревар уште една најава за утрешната пресметка меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП која стартува од 18:30 часот.

  • Фудбалска Македонија утре го очекува 27-то финале во Купот. Најуспешен е Вардар со пет трофеи, следува Работнички со четири, потоа Слога Југомагнат со три титули, Силекс, Тетекс, Шкендија и Пелистер имаат по две, додека Победа, Цементарница, Шкендија, Ренова, Башкими, Металург, Македонија ЃП по една титула.
  • Најмногу финални натпревари има Слога Југомагнат (денешно Шкупи). Осум пат чаирчани играле вакви мечеви, но само три пати се радувале. Следува Работнички со седум финалиња во кои четири пати го освојувал пехарот, па Вардар со шест финални средби. За Македонија ЃП ќе биде трето, за А. Пандев пак прво финале.
  • Најмногу гледачи имаше на првото финале. Тогаш во 1993 година финалето меѓу Вардар и Пелистер на трибините на Градскиот стадион го следеа повеќе од 25.000 љубители на фудбалот.
  • Досега имало десет финални дуели во Скопје од кои едната екипа е од главниот град, а другата доаѓа од надвор. Билансот 7-3 за скопските, односно „домашните“, екипи.
  • Никој досега нема три победи во финалето во серија. Шкендија имаше можност оваа година да биде првата, но испадна во четвртфиналето од Победа. Интересно е тоа што по три финалиња во серија, тетовци нема да ги гледаме како финалисти.

  • Покрај Шкендија по две титули во Купот во серија имаат Вардар и Работнички.
  • Првото финале во самостојна Македонија се одигра во мај 1993 година во Скопје. На тогаш Градскиот стадион Вардар со голот на Жанко Савов славеше против Пелистер со 1-0 и го освои драгоцениот пехар.
  • Досега единствено Тони Јакимовски и Влатко Костов се радувале на пехарот од Купот на Македонија и како играчи, но и како тренери.
  • Есад Чолаковиќ, со Слога Ј., Маџари и Работнички играл вкупно во осум финални натпревари.
  • Дос Сантош Вандаир и Баже Илијоски се единствените кои имаат пехари со три различни екипи. Бразилецот со Цементарница, Вардар и Работнички, додека Илијоски со Работнички, Металург и Пелистер
  • Баже Илијоски минатата година се запиша во историјата. Пет финални дуели и пет победи. Интересно е тоа што Илијоски нема пораз во финалните средби од Купот. Со Работнички се радувал против Милано, Металург и Тетекс, со Металург против Тетекс, и лани со Пелистер против Шкендија.
  • Досега само Арѓент Беќири на еден меч постигнал три гола. Во 2000 година кога Слога Ј. ја совлада Победа со 6-0.
  • Наџи Шенсои (Пелистер) е петтиот странски тренер кој го освоил Купот. Претходно тоа им успеа на Неџат Верлашевиќ (БиХ) со Слога Ј., Радмило Иванчевиќ (Србија) со Македонија ЃП, Драгољуб Беквалац (Србија) со Работнички, Бруно Акраповиќ (БиХ) со Шкендија.
  • Шест пати куп победникот сме го добивале по изведувањето на пеналите. Тоа се случуваше во 1994 (Силекс – Пелистер), потоа во 1996 година (Слога Ј – Вардар), па во 2003 година (Цементарница – Слога Ј), во 2009 година (Работнички – Македонија ЃП), во 2013 (Тетекс – Шкендија) и минатата година (Пелистер – Шкендија).
  • Вардар, нашиот најтрофеен клуб и најтрофејниот во Купот, нема финале точно 12 години. Последен пат Вардар играше во финалето во 2007 година под водство на Драган Канатларовски кога славеше против Победа.
  • И двајцата тренери, Александар Таневски на Македонија ЃП и Југослав Тренчовски на Академија Пандев утре за првпат ќе бидат тренери во големото финале. Кој ќе победи од нив за него тоа ќе биде деби триумф во Купот на Македонија.

Се вчитува...