Вардар ја преслуша Шкендија – во младинскиот Куп на Македонија

Вардар се закити со трофеј сезонава, откако „црвено-црните“ славеа во младинското финале од Купот на Македонија. За успехот да биде уште поголем, во битката за трофејот „вардарци“ беа подобри од големиот ривал Шкендија, декласирајќи го со убедливи 4-0.

Давид Велковски во 10. минута донесе водство на Вардар од 1:0, а истиот играч во 16. минута погоди за 2:0. Во 19. минута Ибиши со прекрасен гол успеа да постигне и трет гол за скопските „црвено-црните“, по што Адем од пенал во 85. минута стигна до конечните 4-0 во ова финале.

 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР    0:4 (0:4)

Тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје. Стрелци: Велковски 10’, 16’, Ибиши 19’, Адем 84’ (п)

ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Шахини, Бахија, Рамиќ, Реџепи, А. Рамадани, Ф. Рамадани, Мазари, Љума. Уште играа: Спахиу, Каримани, Јакупи, Салмани, Арслани, Амети.

ВАРДАР: Андов, Радевски, Тасев, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Димоски, Ибиши. Уште играа: Божиновски, Пешевски, Јусуф, Петковски.

Се вчитува...