Поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте го доби судскиот спор со Челси за неиспалтените плати поради предвреме раскинатиот договор и ќе добие девет милиони фунти.
Лондонскиот тим минатото лето го отпушти Конте па Италијанецот речиси една година на суд докажуваше дека треба да му бидат испалтени парите кои му следуваа според договорот. Тој не се ослгаси да се спогоди со сопственикот на Челси, Роман Аброамович.
Со ова се прдолжува листата тренери на кои тимот на рускиот магнат им исплаќа големи отшети. Прв на списокот е Жозе Мурињо кој при првиот раскин на договорот доби 23,1 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА