Секој нов ден во Јувентус носи и нови тренерска шпекулација, а според италијанските медиуми денеска во фокусот на јавноста се најдоа Пеп Гвардиола и Маурицио Покетино. Рано утрово се појави информација дека Пеп Гвардиола се договорил за четиригодишна соработка, што потоа беше експресно демантирано од страна на директорите на „старата дама“. Пеп останува главна желба на Ањели, но челниците на Јуве се свесни дека немаат никакви шанси да го доведат трофејниот стратег како наследник на Алегри летово.
Втора опција за Јувентус е Маурицио Покетино, со кого преговорите ќе бидат интензивирани веднаш по завршувањето на финалето од ЛШ. Весникот „Тутоспорт“, кој вообичаено важи за најупатен за случувањата во Јуве, објави дека Покетино е стратегот што директорот Паратичи сака да го доведе на „Алијанц Арена“. Покетино најави дека би можел да си замине од Тотенхем на крајот на сезонава, а според последните информации ги спуштил и финансиските побарувања, кои на првата средба со неговиот агент изнесуваа огромни 20 милиони евра по сезона.
Во меѓувреме, Масимилијано Алегри в недела за последен пат ќе го води Јувентус, на гостувањето против Сампдорија, за заокружување на успешната приказна во која овој стратег во петте сезони минати на чело на „старата дама“ освои пет скудета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА