Азар потпиша: Борусија Дортмунд е вистинскиот клуб за мене

Борусија Дортмунд продолжува со потписите на нови фудбалери, па денеска како најново засилување на „милионерите“ и официјално беше претставен Торган Азар. Белгискиот репрезентативец, кој е брат на Еден Азар, доаѓа од редовите на Борусија Менхенгладбах, а тимот од Дортмунд плати 40 милиони евра за да го доведе во своите редови.

Благодарен сум за прекрасниот период минат во Менхенгладбах, ова беше перфектен момент за нов предизвик во кариерата, а убеден сум дека Борусија Дортмунд е вистинскиот клуб за мене. Доаѓам во врвен тим со неверојатни навивачи, сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата“ – изјави 26-годишниот Азар, кој ја заврши ланската сезона со 13 гола и 12 асистенции.

„Милионерите“ во текот на вчерашниот ден го комплетираа и трансферот на левиот бек на Хофенхајм, Нико Шулц, а во следниот период ќе се официјализира и доаѓањето на Брант од Баер Леверкузен.

 

Се вчитува...