Напаѓачот Ариц Адуриз ќе продолжи да игра и следната сезона за Атлетик Билбао. Ветеранот одлучи да ја прифати понудата за нов едногодишен договор иако наполни 39 години.
Раководството на клубот му предложи нова едногодишна соработка со која тој ќе комплетира 12 сезони во редовите на Атлетик Билбао. Досега Адуриз има 390 одиграни натпревари за клубот и постигна 171 гол. Во кариерата настапуваше уште и за Валенсија, Валјадолид и за Мајорка, а трипати се враќаше во Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА