Вардар е подготвен за новиот фајналфор предизвик, откако денеска „црвено-црните“ ги претставија новите дресови за натпреварувачката сезона. Дресовите беа презентирани во фан-шопот на Вардар во СЦ „Јане Сандански“, првата комбинација е црвено-црна, а резервната варијанта е во бела боја.
„Целта е иста, одиме на победа во Келн“ – порачаа Мартин Поповски и Кристијан Дисингер, кои позираа во новите дресови на „вардарци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА