Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер-лигата во сезоната во која со Ливерпул до последното коло водеа битка за освојување на тронот. Избраниците на Јирген Клоп ја загубија битката на теренот, но клубот од „Енфилд“ има најголема заработувачка од изминатата сезона.
Според официјалните податоци, црвените од „Енфилд“ во сезоната заработиле 152.452.146 фунти, што е за 1,44 милиони повеќе во однос на шампионот Манчестер Сити (150.986.355). Причината поради која Ливерпул е на врвот е бројот на ТВ преноси. Мечевите на „црвените“ во живо оделе 29 пати, додека тие на Манчестер Сити 26 пати.
На третото место на листата се наоѓа Челси, а потоа следуваат Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Интересен е фактот што последно пласираниот Хадерсфилд сезонава заработил околу 97 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА