Кошаркарскиот клуб Будуќност испрати официјално барање до собранието на АБА лигата, финалната серија против Црвена Звезда да биде поништена.
Директорот на АБА лигата, Крешимир Новосел пред почетокот на денешната седница потврди дека од тимот од Подгорица е испратено официјално барање за поништување на финалната серија. Инцидентот кој што се случи во финалната серија во плеј-офот сезонава во АБА лигата, ќе биде главна тема на денешниот состанок, а се очекува да се види која ќе биде одлуката на раководните лица на регионалното натпреварување.
Мали се шансите да биде усвоено барањето на Будуќност, бидејќи поништувањето на финалната серија ќе биде преседан кој досега се нема случено. Црвена Звезда славеше во финалето со 3-2, а сите натпревари ги одбележаа инцидентите кои што ги правеа навивачите на двата тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА