Езгијан Алиоски сепак би можел да се појави во дресот на македонската репрезентација на јунските квалификациски средби против Полска и Австрија.
Нашиот интернационалец неодамна заработи незгодна повреда при настап за Лидс, но Алиоски денеска објави видео со наслов: „Рехабилитацијата е завршена. Чувството е прекрасно пак да се вратам на работа“.
Во видеото асот на Лидс малку тренира бокс, малку работи со топка, но јасно е дека се се одвива според програма препорачана од медицинскиот тим во клубот.
Селекторот Ангеловски го вклучи Алиоски во својот список со надеж дека крилниот офанзивец би можел да се рехабилитира до дуелите со Полска и со Австрија. Како што делува во моментов, тоа ќе се случи, па македонскиот кормилар ќе може да смета на многу значајно оружје во пресметките со најдобро рангираните селекции во групата.
recovery finished. feels great to be back at work?? #lufc #mot @FairplayAgency pic.twitter.com/zpcz8XgoiW
— Ezgjan Alioski (@ezgjanalioski) May 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА