Чиро Блажевиќ во посета на „бегалецот“ Мамиќ: Ќе стане свештеник, цел е посветен на верата…

Поранешниот хрватски селектор Чиро Блажевиќ, и покрај бројните недоразбирања од минатото, се одлучил да го посети Здравко Мамиќ кој е во бегство во БиХ, по пресудата за затворска казна во Хрватска за злоупотреба на службената положба.

Во разговор за „Слободна Далмација“, легендарниот Чиро пренесува дека Мамиќ во Меѓугорје целосно се посветил на верата…

„Се видов со Здравко Мамиќ. Бев да го посетам во Меѓугорје. Се изгушкавме и се изнаприкажавме. Секогаш велам дека јас нему младоста му ја направив убава, а тој мене староста ми ја направи грда. Но, Чиро не е злопамтило и покрај тоа што со Здравко имавме многу недоразбирања. И Чиро не сака да удира на луѓето додека се на колена. А, на Мамиќ мора да му се признае дека успеа да го збогати еден сиромашен Динамо, и го претвори во Јувентус“ – вели Блажевиќ и дополнува:

„Мамиќ целосно се свртел кон Господ и кон верата. Мислам дека на крај ќе заврши како свештеник. Него, како и многу други во тешки времиња, мислам дека го одржува верата“.

Во разговорот за „Слободна Далмација“ поранешниот хрватски селектор се осврнува и на неговото појавување во кампањата за толеранција меѓу заедниците и меѓунационално помирување…

„Јас не знам зошто во Хрватска постојано се напаѓаат луѓе, поединци, чесни државјани на оваа земја само затоа што се Срби. Јас знам дека има многу злочинци од минатото. Но, што се виновни некои чесни поединци кои немаат никаква врска со лошото минато кое е зад нас“ – вели Блажевиќ.

 

 

Се вчитува...