На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје беа одиграни осминафиналните натпревари од финалниот турнир во ФФМ – Детските лиги за сезона 2018/19 во категории 2006-2010.
Турнирот го отвори координаторот на лигите, Кочо Димитровски кој ги поздрави присутните, им посака многу успех, и ги потсети дека ја работат најблагородната работа со која сите треба да бидеме горди. Учествуваа 80 екипи и 1300 фудбалери.
Комплетните резултати од осминафиналните натпревари, како и распоредот за четвртфиналните и полуфиналните натпревари, кои се на програмата денеска, кога ќе учествуваат 48 екипи во сите шест категории може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА