ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Шампионска победа за Струга ТЛ, Тетекс се сели во Трета лига

Со шапионска победа екипата на Струга Трим Лум го прослави влезот во Првата лига во последното, 27. коло од Втората лига – Запад.

На натпреварот на кој фудбалерите на Струга ТЛ и официјално го добија шампионскиот пехар за првото место на Западот, домашните убедливо славеа со 5-1 против Лабуништа. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Цветаноски, Јахја, Османи, Тафе (два гола) и Хајредини, а Спиркоски беше стрелец за Лабуништа.

Последното коло, пак, го означи и последниот патник во третолигашката конкуренција следната сезона а тоа е екипата на Тетекс. „Штофарите“ не успеаја да се спасат откако загубија на гостувањето од Велазерими со 4-1, а Кораби останува и натаму второлигаш откако победи против Скопје со 2-1. Стрелци за Кораби беа Спахију и Муча уште во првиот дел, а за гостите погоди Јовановски.

Со головите на Петковски и Наумоски од пенал, пак, Пелистер триумфираше на гостување против Генч Калемлер.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Струга ТЛ – Лабуништа 6-1

Генч Калемлер – Пелистер 0-2

Велазерими – Тетекс 4-1

Кораби – Скопје 2-1

Гоблен јуниор – Гостивар (НЕ СЕ ОДИГРА)

  • ФК Струга ТЛ од следната сезона ќе игра во Првата лига
  • ФК Лабуништа на 2. јуни ќе игра бараж за Прва лига против ФК Тиквеш
  • Во Трета лига се селат ФК Тетекс, ФК Генч Калемлер и ФК Гоблен јуниор

Се вчитува...