Двојна круна за Баварците: Баерн до трофејот и во Купот на Германија

Баерн Минхен сезоната ја завршува со двојна круна во германскиот фудбал освојувајќи го и трофејот во Купот на Германија.

По шампионската титула, Баварците вечерва го слават и трофејот во Купот победувајќи во финалето со убедливи 3-0 против Лајпциг.

Левандовски во 29. минута донесе предност за Баерн Минхен, а во второто полувреме конечната победа за ново славје ја заокружија Коман во 78. минута и уште еднаш Левандовски во 85. минута.

Се вчитува...