Шпанскиот интернационалец Давид Силва можеби го одигра последниот меч во тимот на Манчестер Сити, откриваат медиумите на Островот. Тој добил баснословна понуда од Катар вредна 12 милиони фунти и сериозно размислува да замине во „фудбалскиот рај за пензионери“. Иако има само 33 години, тој речиси и да нема веќе мотиви со оглед дека девет сезони е на „Етихад“ и освои четири титули во Премиер – лигата, два трофеи во ФА купот и четири во Лига купот.
Давид Силва има понуда за да потпише двегодишен договор, но раководството на „граѓаните“ го убедува да остане најмалку уште една сезона во дресот на Манчестер Сити. Клубот е веќе во потрага по негов наследник и отпочнати се преговорите со Јури Тилеманс, играчот за врска на Монако. Манчестер Сити е подготвен да плати 40 милиони фунти за 22 – годишниот белгиски интернационалец. Тој е играч на Лестер, кој играше на позајмица во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА