Шкупи на „седмо небо“, Работнички аматерски сам „се откажа“ од Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи низ неверојатно драматична завршница успеа да слави во клучниот натпревар против Работнички на арената „Тодор Проевски“ за излез на европската сцена следната сезона.

Избраниците на Умит Каран сосема заслужено стигнаа до европска виза благодарение на двата погодоци за само три минути во 89. и во 92. минута со кои Шкупи дојде до пресврт победа од 1-2. Чаирчани покажаа огромно срце, далеку поголема желба за успех, трпение и одлучност и на крајот и мудрост за да дојдат до посакуваната победа… Сето тоа, пак, што го немаа фудбалерите на Работнички во одлучувачките моменти кога, се чини, повеќе од аматерски сами си се совладаа за затворање на европската врата…

 

Се вчитува...